Го задавила бебето, па го фрлила во полскиот тоалет?

971
ФОТО: Курир.рс

На 29-годишничката, која вчера беше однесена во болница во Ваљево и не сакаше да каже каде е нејзиното бебе, ѝ било одредено задржување до 48 часа поради кривично дело убиство на дете при раѓање.

Полицијата се сомнева дека таа го замотала штотуку родениот син во прслук, па го фрлила во тоалетот.

Како што пренесува „Курир.рс“, жената била мајка на две деца, а нејзиниот сопруг ја однел во болницата во Ваљево по обилното крварење.

– Во полскиот тоалет најпрво била најдена постелнина и траги од обилно крварење. Потоа е пронајдено мртвото бебе замотано во прслук – рекол извор за медиумот.

Според изворот, не се исклучува можноста дека дошло до насилно пораѓање.

Осомничената прво не сакала да зборува за настанот, а потоа тврдела дека имала спонтан абортус.

– Што навистина се случило ќе се дознае по истрагата, но и по сослушувањето на нејзиниот сопруг – додал изворот.

Соседите биле во шок и кажале оти не знаеле дека осомничената била бремена.

ФОТО: Курир.рс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...