Максим Моисев, член на екипажот на запалениот руски авион, загинал во несреќата помагајќи им на патниците.
Авионот на компанијата „Аерофлот“ два пати се одбил од пистата обидувајќи се да слета.
Во несреќата загинале 40 патници и еден член на екипажот. Пилотот преживеал, во несреќата повредени се 32 лица, петмина се сместени во болница.
Моисев ги спасувал патниците во евакуцијата која траела 55 секунди. Загинал додека се обидувал да отвори врата за патниците да излезат.
– Патниците се евакуирани со помош на излезот за итни случаеви. Моисев седел со патниците во задниот дел на авионот. Се обидувал да ја отвори најблиската врата и да ги спаси патниците од оганот кој се наближувал. Не успеал, па им помагал да се спасат од други излези – рекол извор.
ФОТО: Twitter, EPA/Russian Investigative Committee