Го врати во мода омразениот тренд: Шарлиз Терон има „тенџере“ фризура ФОТО

Сексапилната Шерон на Инстаграм се пофалила со првите фотографии од сетот и со новата фризура.

1388
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT
ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

Прекрасната јужноафриканска актерка отишла чекор подалеку кога е експериментирањето со фризурите во прашање

Шарлиз Терон (44) по летувањето на хрватското крајбрежје се вратила на снимање на новото продолжение на филмот „Брзи и бесни“, во кое повторно ќе ја игра улогата на Сајфер.

Сексапилната Шерон на Инстаграм се пофалила со првите фотографии од сетот и со новата фризура.

Актерката објави фотографија на Инстаграм и само напиша: „Се вратив“.

Оскаровката, која во текот на својата кариера често експериментирала со фризурите, овојпат се одлучила за таканаречената „тенџере-фризура“, која со години е меѓу најомразените трендови.

Инаку, „тенџере-фризурата“ или „печурка-фризурата“, настанала кон средината на 1960 година, а првобитното име ѝ било „фризура во пет точки“.

Деветтото продолжение на филмот „Брзи и бесни“ ќе биде премиерно прикажано на 10 април 2020 година, а покрај Шарлиз, глумат и Вин Дизел, Џон Сена, Мишел Родригез, Тајрис Гибсон и други.

FOTO: Instagram/Printskrin

ФОТО: EPA/ANDREW GOMBERT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...