Го викнал божем да му плати, па го убил и го ставил во резервоар за гориво

5788

Секторот за внатрешни работи Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против М.В. (54) од селото Добрејци, поради основано сомнение дека од користољубие на подмолен начин го убил А.М. (62) од Струмица.

На 13.10.2018 во СВР Струмица, роднина на А.М. пријавил дека на лицето му се губи  трага по што полицијата во координација со јавен обвинител презела низа оперативно-тактички мерки и активности.

Утврдено е дека на 09.10.2018, покојниот А.М. остварил телефонски контакт со пријавениот, по што се сретнале и заедно отишле во адвокатска канцеларија во Струмица, каде бил изготвен писмен меѓусебен договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу А.М. како продавач и пријавениот како купувач, за цена од 18.200 евра. Договорената сума на пари за купопродажба на имотот не била исплатена во адвокатската канцеларија, а од страна на адвокатот пријавениот бил предупреден дека треба парите да ги исплати на трансакциска сметка.

На 09.10.2018, пријавениот го извршил убиството врз А.М. во неговиот деловен објект во селото Добрејци, каде го има повикано со изговор да му ги исплати парите за купената деловна просторија, така што го застрелал со огнено оружје со калибар 5,6 мм, а потоа го ставил телото во метален камионски резервоар за гориво, и го потопил во водите на брана Турија на место викано „Рајанци“.

На 05.08.2019 околу 15 часот, на браната „Турија“ кај местото викано „Рајанци“ пронајден е метален камионски резервоар за гориво со машки труп во него. Од извршената обдукција во Судска медицина Скопје утврдено е дека пронајдениот машки труп е А.М.. При обдукцијата бил изваден проектилот со кој бил застрелан човекот при што е утврдено дека се работи за проектил со калибар 5,6 мм, исто како во случајот со претходно убиство на Р.И. од Струмица, чие тело беше пронајдено исто така во водите на брана Турија во непосредна близина на местото каде е пронајден А.М., за што СВР Струмица веќе поднесе кривична пријава до ОЈО Струмица поради основано соменавање дека пријавениот сторил кривично дело „убиство“.

По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица пријавениот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Убиство“ по чл.123 од Кривичниот закон.

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...