Гошева предлага времена мерка за референдумот, тројца судии се против

742

Судијата известител во Уставниот суд Елена Гошева предлага да се поведе постапка за одлуката за распишување на референдумот и да се изрече времена мерка и запирање на сите активности на извесен период.

Според неа, одлуката содржи повеќе правни недостатоци. Прашањето за референдумот, како што рече, е манипулативно, видот на рефередумот не е јасен, а не е наведен и целосниот назив на договорот од Преспа.

Со поинаков став е судијата Дарко Костадиновски, кој смета дека не треба да се поведе постапка за одлуката за распишување референдум, а на ист став се и судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.

Судијата Костадиновски рече дека има правни недостатоци, но оти тие не се суштински и не се причина за поведување постапка.

Уставниот суд денеска треба да се произнесе за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. Подносители на иницијатиците се политичката партија Левица и Светскиот македонски конгрес.

Додека деветмината судии расправаат, надвор десетмина граѓани преку мирен протест бараат Уставен да ја поништи одлуката за распишување референдум.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...