Гостивар жали по настраданите во автобуската несреќа

Од синоќа речиси сите угостителски објекти ги откажаа прославите најавени за претстојниот викенд, а од Општина Гостивар најавија дека Советот на општината за 12 часот најави вонредна, комеморативна, седница.

369
Photo: EPA / Frosina Novakovic

Синоќешната вест за 14-те загинати патници Гостиварци во автобуската несреќа на патот Скопје-Тетово, ги потресе жителите на првиот град на Вардар. Многумина на социјалните мрежи од синоќа, а и утрово искажуваат сочувство на роднините на настраданите.

Гостиварци во шок и неверување утрово по трагедијата се претпазливи во коментарите и веста околу идентитетот на жртвите, бидејќи сѐ уште официјално не е потврден нивниот идентитет.

Од кругот на семејството на еден од загинатите за МИА потврдија дека меѓу настраданите е и раководителот на Секторот за сообраќај на Град Скопје кој по работното време се враќал за дома во Гостивар.

Од локалната епархија потврдија дека неговиот погреб е закажан за денеска во 14 часот, а за утре уште два на лица загинати во несреќата.

Потврдено е дека меѓу настраданите е и синот на пратеникот Благојче Трпевски.

Жртвите од автобусот се главно лица кои редовно патуваат на релацијата Гостивар – Скопје – Гостивар, како вработени во Скопје и студенти. Токму во терминот на редовната линија на „Дурмо- турс“ во 16 часот и 15 минути компанијата врши превоз на патници со два, па и три автобуса.

Од синоќа речиси сите угостителски објекти ги откажаа прославите најавени за претстојниот викенд, а од Општина Гостивар најавија дека Советот на општината за 12 часот најави вонредна, комеморативна, седница.

Градоначалникот Арбен Таравари уште синоќа, по посетата на повредените на скопските клиники, изрази сочувство и најави помош за повредените.

На седницата е најавено и присуство на претседателот на Владата, Зоран Заев.

Во поновата историја ова е најголемата трагедија која што ги погодила градот и околината.

Photo: EPA / Frosina Novakovic

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...