Гостивар: Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на здравје

175

Со проверки на нивото на шеќер, крвниот притисок и совети од лекар во импровизирана ординација на градскиот плоштад, во Гостивар се одбележува 7 Април, светскиот ден на здравјето.

Настанот го организира одделението за здравство кое функционира во склоп на Советот на млади, во соработка со учениците од Средното медицинско училиште и градската болница.

– На ваков начин сакаме да ја подигнеме свеста на населението за редовни прегледи и да се реагира превентивно при нарушување на здравјето. Денес на граѓаните кои ќе изразат желба ќе им понудиме бесплатни мерење на крвниот притисок и нивото на гликоза во крвта, рече објасни Миран Исмаили, од одделението за здравство при Советот на млади на општина Гостивар.

На граѓаните на кои им беа констатирани повисоки вредност, медицинските лица им дадоа совети и препораки за дополнителни анализи кои треба да ги направат.

Младите медицинари, на прегледаните сограѓани им делеа јаболка како потсетување да се обрне повеќе внимание на правилната исхрана како еден чекорите кон добро здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...