Гостиварка го пријавила сопругот во полиција дека ја принудувал на проституција. По поднесувањето на пријавата, сопругот и негов пријател биле приведени во полиција.
Според СВР – Тетово, 20-годишната гостиварка вчера, во 21 часот и 50 минути, пријавила дека најзиниот 21-годишен сопруг ѝ се заканувал и во неколку наврати ја присилувал на сексуални односи со негов другар. Според пријавата, за тоа сопругот добивал и одреден паричен надоместок.
Сопругот и 19-годишникот од Гостивар, поради сомнение за инволвираност во случајот, се приведени и задржани во Полициската станица во Гостивар. Од СВР Тетово информираат дека се работи на расчистување на случајот.