Гостиварка завршила на скопските клиники со тешки повреди на главата откако паднала од балкон.
Според СВР Тетово, педесетгодишната У.Ј., вчера околу 16 часот и 30 минути додека се обидувала да ја поправи ролетната на прозорецот, паднала од столче од балконската тераса. Балконот немал ограда и таа од висина од околу три метри паднала врз мермерните плочки. Од падот се задобила со повреди на главата и со медицинско возило пренесена во гостиварската болница.
По укажаната помош У.Ј. била итно префрлена и задржана на скопските клиники.
Извршен е увид и се расчистува случајот.