Гостиварското обвинителство отвори постапка против 22-годишен гостиварец кој ја уценувал својата поранешна девојка на иста возраст. Тој во повеќе наврати и барал пари во замена да не објави нејзини експлицитни фотографии, соопшти Обвинителството.
– Осомничениот успеал од оштетената да одземе околу 400 евра. Последниот пат и побарал 1.000 денари, девојката го пријавила, а банкнотата која му ја предала била претходно обележана. По приемот на парите, осомничениот бил задржан и кај него била пронајдена обележаната банкнота, стои во соопштнието.
Јавниот обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави и предлог за определување мерка притвор на осомниченото лице.