Територијалната противпожарна единица од Охрид е на терен, екипите гасат пожар на трска и нискостеблеста вегетацијата на потегот меѓу Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и поранешниот автокамп „Андон Дуков“.
Пожарникарите се обидуваат да го локализираат пламенот за спречување на негово ширење на објектите што се наоѓаат во непосредна близина.
Поголема површина, нискостеблеста дабова шума и стрништа се зафатени од пожарот што избувна вчера и се уште трае во Липковско, на Скопска Црна Гора, на потегот на село Никуштак до Влајин Гроб.