Гори стан во Кисела Вода

675

Гори стан во Кисела Вода на улицата „Народни херои“, потврдија од Противпожарната бригада во Скопје. Кај надлежните пожарот е пријавен пред неполн час во 14.25 часот.

Зградата се наоѓа близу основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, засега нема информации за повредени лица.

Во моментов пожарот го гаснат 25 пожарникари со 10 возила.

Противпожарните екипи се на терен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...