Голем шумски пожар околу 16 часот избувна на падините на Осоговските Планини во близина на селото Лешки, а поради густиот чад и високите пламени јазици за сообраќај е затворен и регионалниот патен правец од Кочани кон туристичкиот центар на Пониква.
Огнот бил забележан попладнево над селото Бели и поради ветерот и сувата вегетација брзо се прошири на поголема површина нискостеблеста шума, а веќе зафати и борова шума на околу петнаесетина хектари. Постои опасност огнот да зафати и неколку викенд куќи во близина.
По тешкотија во локализирањето на пожарот е непристапноста на теренот и ветерот што се засилува, поради што екипите кои интервенираат ќе останат и во текот на ноќта.
Покрај шума, оштетени се и овошни насади и повеќе пчелни сандаци.