Гори куќа во центарот на Куманово, лоцирана на крак од улицата „Гоце Делчев“. Три екипи на противпижарната единица се обидуваат да го локализираат пожарот, а покрај куќата зафатен е и еден стан од зграда која се наоѓа во близина, информираа од ТППЕ Куманово.
– Три екипи на противпожарната единица се уште се на терен, информираше комаднирот на ТППЕ, Дејан Илиевски.
Во пожарот нема повредени лица. Пожарот во ТППЕ Куманово е пријавен во 20.30 часот.