Гори куќа во Горно Соње, потврди командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита, Ѕвонко Томески за Плусинфо.
– По нашата интервенција на улицата Јордан Мијалков, возила се упатија кон Горно Соње. Претходно, гореа два контејнера и едно патничко возило во населбата Драчево – рече Томески, додавајќи дека во возилото немало повредени, само била причинета материјална штета.