Гори во Липково, со 50 тони вода ги уништија огнените јазици

193
ФОТО МИА

Голем пожар го зафати денеска Липково во подрачјето на селата Слупчане, Белановце и Алашевце.

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) интервенираше со воздухопловна поддршка. Со 20 летови беа исфрлени 50 тони вода со што, како што соопшти вечерва, е спречена катастрофа од поголеми размери.

„Досега повеќепати апелиравме до населението во државава да биде совесно и да избегнува намерно или случајно палење оган, бидејќи не само што е прерано за волку пожари во овој период од годината, туку не е во ред да се уништува животната средина и да се става во ризик животот на населението за лична цел и бенефит на поединци“, наведува ДЗС.

Дирекцијата апелира и до сите релевантни копнени служби повеќе да се заложат во гаснење на пожарите, бидејќи тие се примарна сила за справување со нив, а воздухопловите, нагласува, се за поддршка, не како основно средство за гаснење на пожари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...