Гори борова и дабова шума во Ресенско

120

Во полициската станица Ресен вчера во 16 часот било пријавено дека во атар на селото Лева Река, на место викано „Курјак“, на непристапен терен, од спој на електричен кабел настанал пожар при што била опожарена борова и дабова шума а пожарот се ширел кон селото Кривени.

Пожарот е се уште активен, а на место се излезени екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и дел од месното население.

Се преземаат мерки за гаснење на пожарот. За пожарот е запознаена и Дирекцијата за заштита и спасување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...