Горивата со нова повисока цена од полноќ

Еуросуперот БС- 98“ ќе чини 70 денари за литар, „еуродизел (Д-Е V)“62,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 51,50 денари за литар.

1919

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,25 отсто, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 67,50 денари за литар.

„Еуросуперот БС- 98“ ќе чини 70 денари за литар, „еуродизел (Д-Е V)“62,50 денари за литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,932 ден/кг  и ќе изнесува 37,339 ден/кг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...