Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат од 3,5 денари до 1,5 денари. Најмногу се намалува „еуросупер БС“-98, односно за 3,5 денари, а најмалку дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар. „еуросупер БС“-95 се намалува за 3 денари.
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на „еуросупер БС“-98 ќе биде 73 денари за литар, „еуросупер БС“-95 ќе се продава по цена од 71,50 денари за литар, а дизелот по цена од 67,50 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 56,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,995 денари за килограм што значи дека тој сега ќе се продава по цена од 37,414 денари за килограм.
Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светските пазари во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.