Гореше боца со гас во куќа во Кавадарци, нема повредени

Командирот на пожарникарите, апелираше за внимателност.

108

Се запaли боца со гас во куќа во Кавадарци, од Противпожарната единица велат дека за среќа, нема повредени, причинета е само материјална штета.

Александар Чадамов, командир на пожарникарите, апелираше за внимателност.

– Алармираме до граѓаните да бидат повнимателни, бидејќи оваа грејна сезона имаме веќе неколку интервенции при запалени вакви боци – нагласи тој.

Чадамов рече дека сите кои користат боци со гас, мора да ги проверат нивниот квалитет, сигурност, инсталацијата, но и да бидат внимателни кога ракуваат со нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...