Пожар избувнал попладнево околу 17 часот во близина на железничкиот премин во село Черкези кај Куманово, а според првичните податоци од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово, горат прагови за железничка пруга.
Од СВР Куманово велат дека од 17.40 часот железничкиот сообраќај на пругата Куманово-Табановце е во прекин. Причината за пожарот не е позната.
Повеќе противпожарни екипи од кумановската единица се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот.
Од повисоките места во Куманово може да се забележи густ чад од ова место.