Горат милиони хектари шума во Сибир

129

Во изминатите 24 часа пожарите во руската област Иркутск зафатија уште 7.300 хектари, со што областа зафатена од пожарот е повеќе од 720.000 хектари, соопшти денеска регионалната влада.

Руската служба за заштита на шуми соопшти дека изгореле 2,8 милиони хектари шума во тешко достапни области и дека најголеми пожари се пријавени во регионот Јакутија, каде што гореле 1,1 милиони хектари шума, потоа во регионот Краснојастк, околу еден милион хектари, и Иркутск.

Во гаснењето учествуваат 2.700 луѓе со околу 390 парчиња опрема.

Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјави дека руската влада се очекува да изготви план за формирање противпожарен центар за следење на ситуацијата, спречување шумски пожари и преземање итни мерки за гаснење.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека чадот од пожарот загрозува повеќе од 800 населени места во 38 области во Сибир и Далечниот исток и дека сегашната состојба е најтешка во Јакутија, Краснојарск и Иркутск.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...