Горан Атанасовски (35), кој вчера беше пријавен за исчезнат, е пронајден починат. Неговото тело било пронајдено во провалија во населбата Нерези, на патот кон вила „Веранда“. На самиот пат бил пронајден и неговиот автомобил марка „поло“.
Вчера во 23.55 часот, како што претходно информираа од полицијата, во полициската станица Кисела Вода, В.А. (63) од Скопје, пријавил дека истиот ден во 16 часот во непознат правец се оддалечил неговиот син Г.А. (35), кој бил со патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки.
Телото на Атанасовски ќе биде предадено на обдукција.