Поранешниот началник во УБК, а сега азилант во Грција, Горан Грујевски, повторно доби една ипол година затвор во предметот „Тврдина 2“ кој се однесува на уништување документи поврзани со прислушувањето.
Тој беше осуден на истата казна во првото судење, но скопскиот Апелациски суд ја укина пресудата и ја врати на повторно судење затоа што не биле исполнети законските услови за судење во отсуство.
Документацијата за која се однесува овој предмет е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.
Во случајот во првото судење со Грујевски им се судеше и на шестмина вработени во УБК, но за нив Апелација не го врати процесот на повторно судење во првостепениот Кривичен суд.