Горан Бреговиќ (69) е сопственик на околу 30 недвижности, пишува хрватскиот портал „24 сата“. Главно, тоа се луксузни вили, а поседува и станови, како и гарсионери. Неговото богатство се проценува на повеќе од 35 милиони евра.
Во Загреб во 2005 година, Бреговиќ купил двокатна куќа од 550 квадрати. Ја изнајмува за пет ипол илјади евра за месец.
Бреговиќ во Белггард, тврдат неговите соседи, има околу 15-тина куќи. Кога ќе дојде во Србија, претстојува во белградската населба Сењак во неговата луксузна вила која е заштитена со висока ограда и гаражна врата на далечинско управување. Дворот не може да се види од улицата. Како заштита поставил и видеонадзор. Имотот покрај вилата е, исто така, негов. Тука направил објект кој наликува на сала за славење, со трамболини напред, за да си играат децата за неговите пријатели. И тој дел е заштитен со висока ограда од љубопитливите погледи на јавноста.
Кога не снима во студиото или не е на турнеја, работи во својата градина. Рекол дека раскопувањето најдобро го смирува и на тој начин се ослободува од стресот.
Наводно во секоја од неговите куќи постои барем еден вид зеленчук кој го одгледува. Првата куќа која ја купил во 2007 година била на Јахорина, од 450 квадрати. Неговата планинска вила има шест спални соби, мала теретана и базен.