Гонзалес: Ние сме фаворити, но треба тоа и да го потврдиме

402

Македонската ракометна репрезентација попладнево го одржа првиот собир во пресрет квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Селекторот Раул Гонзалес во Скопје ги пречека ракометарите, а на првата прозивка се појавија сите со исклучок на Филип Талески, кој поради клупски обврски ќе пристигне подоцна.

Гонзалес изјави дека македонската репрезентација има фаворитската улога, а очекува со добро издание на неговите избраници да го потврдат тоа.

– Ние сме фаворити, но треба тоа и да го потврдиме. Треба да се фокусираме на натпреварот, да имаме почит кон противникот и да одиграме како и на сите досегашни натпревари. Играме дома, треба да мислиме само на првиот натпревар, а потоа ќе видиме. Ни претстои тежок меч – истакна Гонзалес.

Селекторот очекува добарa атмосфера и поддршка од публиката на натпреварот во Битола.

– Репрезентацијата на Македонија заслужуваат да ја гледаат навивачите ширум целата земја. Сум водел натпревари во Битола, знам дека таму се создава добра атмосфера и затоа сум уверен дека ќе имаме голема поддршка од трибините – наведе Гонзалес.

Македонските ракометари првиот квалификациски натпревар против Турција ќе го играат на домашен терен во Битола на 25 октомври, а три дена подоцна ќе се соочат со Грција на гостински терен во Кожани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...