„Гол протест“ во Њујорк против поделбите

120
ФОТО: МИА

Неколку десетици лица се собраа на њујоршкиот Тајмс Сквер, каде се соблекоа голи и ги обоија своите тела во знак на протест против поделбите во светот.

Манифестацијата ја организираше уметникот Енди Голуб, кој се прослави со сликањето по човекови тела.

Голуб организираше слични протести на Тајмс Сквер и во изминативе неколку години.

На синоќешниот протест Голуб изјави дека денес живееме во „многу поделен“ свет, додавајќи дека луѓето треба да сфатат дека имаат многу повеќе сличности, отколку разлики.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...