Четиригодишно девојче вчера е тешко повредено во сообраќајна несреќа на улица Благоја Паровиќ во Скопје.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила откако во девојчето удрил автомобил „голф“ со скопски регистарски таблички кој го управувал Е.Б. (41) од Скопје.
„Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и со истото возило било пренесено во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. По укажаната лекарска помош девојчето било задржано на понатамошно лекување“, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Скопје.