Голман од Премиер лигата под истрага за нацистички поздрав ФОТО

230

Голманот на Кристал Палас, Вејн Хенеси, си навлече проблеми откако се појави негова фотографија на социјалните мрежи, на која се гледа како упатува нацистички поздрав. Токму овие акции ја принудија Англиската фудбалска асоцијација (ФА) да започне истрага за случајот.

Сликата покажува како Велшанецот ја крева десната рака на начин, препознатлив за нацистите, а другата ја ставил под носот, потсетувајќи на Адолф Хитлер. Таквите дела се строго забранети, и ако Хенеси е прогласен за виновен, тој може да добие цврста казна.

– Фотографијата беше направена во момент, како да сум направил несоодветен знак. Ве уверувам дека никогаш не би направил такво нешто, тоа е само случајност – изјави голманот по скандалот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...