Голем шумски пожар на грчкиот остров Евија

119

Противпожарната служба на Грција рано утрово делумно го стави под контрола шумскиот пожар што избувна синоќа во местото Каристос во јужниот дел на грчкиот остров Евија, јави дописничката на МИА од Атина.

Час и половина по полноќ, од грчката противпожарна служба соопштија дека превентивно биле евакуирани жителите од куќите кои се наоѓаат во близина, иако не станува збор за густо населено место.

Во справувањето со огнените јазици, синоќа учествуваа 34 пожарникари со 17 возила, две пешадиски единици на противпожарната служба и четири цистерни со вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...