Голем судир помеѓу полицијата и демонстрантите во Бејрут: Војската на улица, повредени најмалку 75 лица ВИДЕО

365

Најмалку 75 лица се повредени при судирот помеѓу полицијата и демонстрантите во центарот на Бејрут, изјавил за телевизијата „Хадат“ претставник на либанскиот Црвен крс. Триесет лица починале во болница.

 Претходно силите за борба со нередите употребиле водени топови и ранати со солзавци против демонстрантите. Демонстрантите се обиделе да се пробијат до плоштадот за да побараат да се распушти законодавната власт.

Уличните активисти фрлале по полицајците со камења, петарди, шишиеа со запалива материја и со остри предмети. Има повредени. Групата која правела нереди е уапсена.

Во центарот на престолнината се префрлаат единиците на војската, за да не се дозволи напад на владините згради, банките и продавниците. Како што јавува телевизијата, полицијата го умиштила кампот од шатори кои ги подигнале демонстрантите на плоштадот Риад Солха.

 Новиот бран на улични акции во Бејрут почна во вторникот, откако лидерите на демонстрантите објавиле кампања за граѓанска непослушност, за да го зголемат притисокот врз власта.

 Во Либан трет месец се одржуваат масовни протести кои доведоа до оствка  на коалициската влада.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...