Гувернерот на Хаваи, Дејвид Иге прогласи вонредна состојба на островот Мауи, каде изби голем пожар поради што се евакуирани повеќе илјади луѓе.
Пожарот, кој изби во четвртокот, моментно зафаќа околу 4.000 хектари некогашни полиња за шеќерна трска. Пожарникарите, кои користат и хеликоптери во напорите за гаснење на огнот, велат дека успеале да локализираат околу 20 отсто од пожарот.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета