Голем пожар избувна вечерва во атарот на росоманското село Паликура.
Од Територијална противпожарна единица Кавадарци информираат дека цел час во темнина максимално се ангажирани да се справат со пожарот кој опфатил дваесетина хектари сува трева и нискостеблеста шума, но и ниви со земјоделски производи.
– Огнот зафати земја најмногу со пиперки куртовска капија од која се прави ајвар, како и лозови насади и дрвца праски. Огнот се движи кон викендиците во близина, па максимум сме ангажирани тој да не зафати објекти, а последиците да се што е можно помали – соопштуваат од Противпожарната.
На лице место се со едно противпожарно возило и четворица пожарникари и се надеваат дека најбрзо што можат ќе го изгаснат пожарот.
Според првичните информации, пожарот најверојатно е предизвикан од нечие невнимание.