Активен пожар вечерва има во селото Коњаре, Општината Петровец, информираат од Противпожарната единица од Скопје.
– Пожар во село Коњаре, Општина Петровец. Работиме на терен. За повеќе информации ќе ве известиме подоцна, објави на Фејсбук страницата Противпожарната единица од Скопје.
На социјалните мрежи веќе се објавуваат фотографии и видео материјали од големите пламени јазици, повикувајќи ги граѓаните да излезат и помогнат.
– Ова е катастрофа. Освен што барав брза реакција ги замолувам граѓаните да се вклучат во гасењето“, напиша на Фејсбук – пратеникот Зеќир Рамчиловиќ.