Голем метеор експлодирал во земјината атмосфера во декември. Тоа бил вториот по големина метеор што експлодирал во последниве 30 години, соопшти НАСА.
Меѓутоа, експлозијата главно минала незабележано, оти се случила над Берингово Море, во близина на полуостровот Камчатка во Русија.
При експлозијата се ослободила десетпати поголема енергија од онаа на атомската бомба во Хирошима.
Според Линдли Џонсон од НАСА таква природна појава може да се случи само два или трипати во сто години.
Најголемата огнена топка забележана последниве неколку десетлетија, е онаа над Чељабинск, исто во Русија, пред шест години.