По повеќе од еден час, почна седницата на собраниската комисија за надворешна политика на чиј дневен ред е извештајот на министерот за надворешни работи Никола Димитров за спроведување на надворешната политика.
Прво, проблем беше салата во која се одржува седница, а потоа претседателот на комисијата Антонио Милошоски даде кратка пауза поради технички проблем со преносот кој се одвива на албански јазик. Седницата се одржува во уставната сала во која претходно претседателот на Собранието Талат Џафери во истата сала во која беше закажана седницата на Комисијата за надворешна политика и во исто време имаше брифинг со новинарите.
Салата е премала да ги собере членовите на комисијата и новинарските екипи кои покажаа голем интерес за следење на седницата.