Големо уметничко велигденско јајце мами погледи во Богданци. Ова „Велигденско јајце од срце”, симбол на мирот и пријателството, на пријателскиот град Богданци, било подарено од хрватската општина Калиновац во 2012 година.
Јајцето во стил на наивно сликарство, е насликано од неколку сликари. Проектот бил реализиран во соработка со туристичката заедница на копривничко-крижевачката жупанија.
Кај јајцето наминуваат, но и се фотографираат богданчани, посетители, како и туристи кои се упатиле кон Дојран.