Ја уопште не ги понижавам академските ставови, мислења и сугестии. Читам весници, гледам телевизии, а у задње време пратам и интернет. Морално беше, иначе ќе останев слеп и глув у ова модерно време, а ја, на крај на моја децениска електричарска кариера, неинформиран. А неинформиран човек не може да носи здрави одлуки.
И да ти кажам право, меѓу тие докторски и професорски титули, има и паметни и полупаметни, ама има и будали, бе, брат. Ако си неинформиран, ако си затупен, ондак ќе наседнеш на будалите со такви титули, и ќе изгориш ко црна пеперутка на вруќа сијалица у летна ноќ? Ете, затоа, редовно пратам све што се дешава, и снимам, ама снимам со овој памет и со своја глава размишљам. Не треба никој да ме убедуе за овој или за оној, ЗА или ПРОТИВ. Сам си решавам…
И да се разбереме, ја не сум од оние кои поднесуат апаши у власт. Абе ниту ситни шалтерски, а за оние покрупните да не ти зборам. И затоа, ова што ќе го читнеш не ги става сегашниве апаши у некакво привилегирано, демек амнестирано стање. Не. Сите кои брцнале рука у државна благајна, биле дрчни и злоупотребуеле пучански пари, има да одговараат кад тад. Исто ко оние пред нив, и овие апаши сега, еден убав ден ќе шпартаат по судови и ќе чекаат пресуди. Нит еден нема да остане неказнет. Меѓу таа еминиенција има професорки и професори кои стално на нешто ни укажуат, пишуат по весници и портали, исто ко што некои други будалетинки, промашени кариеристи и класични идиоти со докторски титули, сакал нејќел мораш да им посветиш пажња, да им ги измериш глупостите, да им ги собереш срањата за да зачистиш околина, и да ги споредиш со оние првине. Така уствари се праи права селекција, за тоа, кој од нив сере, а кој кажуе да се чистат срања и да се излезе од геризов…
Тие идиоти, кобајаги доктори на науки, не им давам за малово прсте да ми се фатат, часна реч. Абе тие не можат ништо да ти напраат у живот осим да те заглават у говна до гуша. Исто ко да те тераат да притискаш копчиња на аутоматине у коцкарницине и да се надаш дека, е сеа ќе добиеш. Жими ку*ов ќе добиеш. И куќи и станови, и имања изгубија луѓево на таквите брат, а државава ни тоне у баруштина.
Можеш ли да замислиш, дека баш тие и такви идиоти, ти викаат, иди, бе, токмак, у коцкарница, само не излагај на гласање, еве ти пар жетони и стисни и издржи до крај, јади корења, паси трева, умри у беда и сиромаштија, ама спаси го името, идентитетот, тоес, македонштината. Те тераат да спасуеш нешто што не се губи, нешто што не мора да се спасуе. И што праат? Па тие ги тераат таквите заведени да го спасат газдата на коцкарницата. Уложи све што имаш, иди до крај, до смрт, умри за Македоња цела да е вечна да е, само газдата да спаси г’з од робија…
А ги гледам по судоине, квичат ко мали кутренца, цмиздрат и се лигават, се бранат со најскупи адвокати. Едни пееле, други држеле говори, трети вода носеле, на четврти им се примочало. Е тие повикуваат на одење у коцкарница а не на гласање на 30 септембар. Коркачлук на тони, Боки, абе на килотони…