Големина 32 и обем на половина 61 см: Кејт ги загрижи Британциите со својата тежина

Сопругата на принцот Вилијам е мошне посветена на здравиот живот и редовното вежбање.

2097

Војвотката Кејт Мидлтон е позната по својата екстремно вита линија, но последните фотографии ги загрижија Британците кои изгледа послаба од кога било досега.

Сопругата на принцот Вилијам е мошне посветена на здравиот живот и редовното вежбање, а медиумите во неколку наврати пишуваа за начините на кои ја одржува тежината.

Познато е и дека носи големина 32 и има обем на половина 61 сантиметар.

Со текот на времето се појавија повеќе теории преку социјалните мрежи и таблоидите, како на пример дека војвотката заради својата позиција е под стрес, но и дека таа има проблем со тироидната жлезда.

Од друга страна, некои, како што е сенаторката Лорена Клифорд-Ли од Ирска, порачуваат дека би ја натерале Кејт да изедеде неколку хамбургери затоа што таа е премногу слаба.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...