Триесет и еден албански државјанин, кои непријавено престојувале и работеле во тетовско биле откриени и приведени по полициската акциска контрола спроведена денеска наутро, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Акциската контрола била спроведена на неколку места во Тетово, Џепчиште, Порој и Мала Речица.
– Во акцијата откриени и приведени се 31 албански државјани на различна возраст од 20 до 50 години кои непријавено престојувале на подрачјето. По кусото задржување албанските државјани биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка – рече Јосифовски.