Голгота на мигранти близу Демир Капија, еден починал, шестмина повредени

226

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ утринава во 4,30 часот покрај магистралниот пат Удово-Демир Капија, во близина на Водисирска Река,  го пронашле починат С.И.(27), мигрант од Бангладеш и уште 14 мигранти од Пакистан и Бангладеш, од кои шест биле со тешки телесни повреди.

Како што соопшти МВР, по кажување на мигрантите, тие биле истоварени од возачот на возилото, со кое биле превезувани, кој им рекол дека мора да скокнат надолу затоа што на патот има полиција. Притоа се здобиле со повреди, а едно лице починало.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово, и известен е јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција.

Повредените се пренесени во болниците во Гевгелија и Кавадарци. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот.

Во вториот случај илегален мигрант бил донесен со комплексот клиники „Мајка Тереза“ со повреди од удар од воз.

Како што посочуваат од МВР, синоќа во 20 часот во СВР Скопје, од Клиничкиот центар било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице – странски државјанин. Според пријавеното, повреденото лице било донесено во текот на денот со возило на Итна медицинска помош од Гевгелија, а на нив им било предадено од екипа на Црвен крст. Во разговор со полициски службеници тој изјавил дека се вика У.Ш., дека е од Пакистан и дека бил удрен од воз додека се движел по пруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...