Гога стои на една нога ВИДЕО

990

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, утрово го почна со медитација на брегот на Охридското Езеро. Во присуство на инструктор по јога, Силјановска Давкова ги изведе јогиските асани, положби, триаголник, стој на една нога, како и вежби за загревање и истегнување.

Таа на видеото кое го објави на својот Фејсбук профил напиша:

– Јога дружбата утрово во Охрид помина супер.

Таа додаде дека јогата е комуникација со себе, со другите, јогата е размена на позитивна енергија потребна во ова време-невреме.

– Живееме во немир, се чини дека источните народи полесно се справуваат со проблемите на денешницата, и кога е во прашање јогата евроцентризмот не е многу успешен, но во европските училишта јогата се воведува во наставата, па и во фирми и претпријатија – рече Силјановска.

Вели дека за неа јогата не претставува бегство од реалноста, напротив, таа е метод, начин како со умот, духот, срцето да се справите со конфликтната реалност.

– Порано бев многу поревносна, но јога можете да вежбате и сами дома, најмногу во природа зашто една од вежбите е техниката „поздравот на сонцето“, токму тоа значи, се обраќате кон сонцето како извор на животот, барате чиста средина што ја нема, и тогаш сте поподготвени за работа. Мене како никогаш досега не ми била потребна синергија меѓу телото и умот. Наоѓам малку време, но Охрид ми се чини е вистинското место за јогата како филозофија, амбиентот, сонцето, се е денес на мојата страна – рече таа.

Видео:А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...