ГОБ „8-ми Септември“: Јанакиески прегледан, не се констатирани никакви телесни повреди

862
ФОТО: АП / Курир.рс

Денес, 21.02.2019 година, во Градската општа болница „8-ми Септември“  Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата.

По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, информираа попладнево од ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје, каде од Затворот во Шутка по физичка пресметка денеска бил донесен екс-министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој е вчера приведен за настаните од 27 април, заедно со екс-министерот за труд и социјални работи, Спиро Ристовски.

Градската општа болница „8-ми Септември“  Скопје, апелира јавноста да ги следи официјалните информации на надлежните институции и да не се подлегнува на шпекулации.

Управата на Затворот „Скопје“ во Шутка попладнево потврди дека за време на прошетка имало прво вербален инцидент, па физичка пресметка помеѓу притворените поранешни министри, со две лица од затворот.

По инцидентот, првичните информации беа дека на Миле Јанакиески му била скршена и раката во физичката пресметка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...