Глупави причини поради кои поединци не користат кондоми

606
ФОТО: EPA / AZHAR RAHIM

Статистиката во регионот покажува дека младите почнуваат да имаат сексуални односи уште на 16 години, а дури 30 отсто од нив не користат кондом, пренесува „Курир.рс“.

Покрај оние кои тврдат дека „им е преголем за да стави кондом“ или заблудата според која личност што подолго ја познавате не може да има сексуално преносливи болести, постојат и други глупави причини поради кои поединци одбиваат да користат заштита.

Мене тоа не може да ми се случи

Ако немате секс, не може да ви се случи. Во сите други случаи, може да ви се случи. Не е вистина оти сексуално преносливи болести имаат само валкани луѓе кои не се грижат за хигиената. Доволен е само еден сексуален однос за да се заразете.

Партнерот не инсистира да користиме заштита

Најголем дел од луѓето не се противат ако партнерот предложи да користат заштита (72 отсто), затоа не треба да плашете. Не треба да се коцкате со здравјето бидејќи ви е непријатно да кажете „Почекај да земам кондом“ или слично. Постојат кондоми со вкус затоа што можете да се заразете и преку орален секс, кој дури 88 отсто од луѓето го практикуваат незаштитено.

Мразам да ги фрлам

Оваа мала непријатност спречува голем број на луѓе да користат заштита. Оваа бизарна причина најчесто ја наведувале жени. Ако во соба се наоѓаат две возрасни лица кои се сметаат за доволно зрели за да бидат интимни, тешко е да се поверува оти не се во состојба да го стават кондомот во марамче и да го фрлат.

ФОТО: EPA / AZHAR RAHIM

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...