Глупава борба, поглупа здравје…

Да, имам свои фаворити во оваа влада, и ги следам во чекор, сите петмина, и сите, се соочуваат со истите проблеми како и Венко, се борат со своите за да наебат од своите. Срамота. Сите ги охрабрувам да издржат во оваа глупава борба... Тенкју...

7132

Не е проблемот во цената на паркингот на Клинички, ниту во неговата среденост, пардон, несреденост. Не е проблемот ниту во персоналот кој работи таму и сега протестира за зголемениот износ на таа услуга, ниту во пациентите и нивните блиски кои секојдневно со возила МОРААТ да дојдат на прегледи, закажани снимања и слично, ниту е проблемот во министерот, ниту во владата, па на крај, би рекол дека проблемот не е ниту кај таткото на градот. Проблемот е во исклучително лошите навики, во перцепцијата за „вистинската“ цел на функционерите, заведени или поведени од инерцијата на неколку децениската транзиција, која, пак, има само една цврсто зацртана цел: Како да дојдам до пари, до повеќе пари, до многу пари?

Градоначалникот се грижи да го зголеми приливот во градската каса, премиерот во државната, министерот во ресорната, и нормално, веќе може да се каже дека е природно транзициско наследство и мислењето: Колку од тоа парче ќе има за мене. Овој начин на размислување и практицирање власт од секој функционер е погубен за сите. И за докторите и за сестрите, и за пациентите, и за мене и за тебе…

Владата, па и локалната самоуправа, не смеат да бидат во функција на нарушување, на пречење на работата на ресорните министерства, во конкретниов случај, во работата на Филипче, односно Министерството за здравство, кој, со натчовечки напори се обидува да ги воспостави, да ги врати во некаква прва нормала, за да продолжи да ги крева и критериумите кои ќе го донесат на нивото кога тој ќе бара – работа, дисциплина, квалитет и одговорност од докторските и сите други пропратни услуги во ресорот, а посебно во Клинички, како централен државен стожер на министерството. Да го тргнам од патеката по која се движи министерот, за кој, апла гледам дека вози и го води ресорот во вистинскиот правец, да сум член на партијата која го предложила за министер, да сум премиер на влада кој се соочува со невидени глупости кои директно нанесуваат штета и на угледот на владата и на државата, како на пример вчерашниот, дека, министерот Филипче, кој, излегувајќи од операциона сала, (претпоставувам), треба да оди на средба со градоначалникот Шилегов, замислете, еј, да го реши проблемот со паркинзите на Клинички! У пичку матер. Поголемо потценување, па и бламажа на сопствениот кадар, од сопствениот кадар, нема бре, другарице и другови са Бихачког Комитета…

И да бидам до крај сериозен, на другар ми Петре и на премиерот Заев им нудам предлог: Градот и Владата, нека најдат пари и човечки потенцијал преку јавните претпријатија со кои ќе обезбедат, 24/7 континуирано чистење на кругот во Клинички и бесплатен паркинг за сите, а посебно уредени и обезбедени паркизни за персоналот, од министер до хаус мајстор во тој круг. Ова не е Министерство за финансии, или за животна средина, бре, ова е прво од петте клучни министерства во секоја нормална држава на кое треба отворено да му се помогне, онака како што се бори да му помогне ова црномуресто момче, Филипче. Да, ова би го сторила секоја влада и локална самоуправа која претендира да стане нормална држава…

П.С. Да, имам свои фаворити во оваа влада, и ги следам во чекор, сите петмина, и сите, се соочуваат со истите проблеми како и Венко, се борат со своите за да наебат од своите. Срамота. Сите ги охрабрувам да издржат во оваа глупава борба… Тенкју…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...