Гледајте два филма на Отворено кино неделава

229

Во рамките на септемвриското издание на концептот Градски летен парк се вклучува и фестивалот на европски филм, CINEDAYS, во организација на Младинскиот културен центар. Како најава за неговото 17. издание, МКЦ организира бесплатни филмски вечери преку Кино на отворено. Убавата приказна што почна во јуни со „Исцелител“ и „Avec l’amour“, ќе продолжи во четврток (13 септември), со проекција на еден од најпознатите филмови од режисерот Вуди Ален – „Ирационален човек“ („Irrational Man“).

Следната вечер, петок (14 септември) на големото платно во Градски парк ќе биде прикажан визуелно спектакуларниот филм „Големата убавина“ („La Grande Bellezza“) од италијанскиот режисер Паоло Сорентино.

Двете бесплатни филмски вечери (четврток и петок) започнуваат во 20 часот во Градски парк – Школка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...