Гласањето ќе го следат 419 странски и 3.094 домашни набљудувачи

Во текот на изборниот ден, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе може да пријавуваат нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

71

Гласањето за претседателските избори утре и на 5 мај ќе го следат  3.094 се домашни набљудувачи, а 419 од странство, објави Државната изборна комисија.

Со најголем број домашни набљудувачи ќе биде застапена невладината „Мост“ со 1.940 набљудувачи. Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа заедно со Парламентарното собрание на ОБСЕ и Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) ќе учествуваат со повеќе од 200 набљудувачи кои ќе бидат рамномерно распоредени низ државата за да го следат изборниот процес.

Годинава во мониторингот се вклучува и кумановското здружение „Инклузива” со 44 набљудувачи, од кои 40 се лица со попреченост. Набљудувачите се од различни градови од државата и ќе го следат процесот на околу 400-тини избирачки места.

Овие избори ќе ги набљудува и амбасадата на руската федерација со четири набљудувачи, како и унгарската младинска политичка организација „Фиделитас“ со шест набљудувачи.

Во текот на изборниот ден, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните ќе може да пријавуваат нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

На денот на изборите за граѓаните со оштетен слух и говор ќе биде активен телефонскиот број 076 488 360 на кој преку видео повик ќе можат да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...