До 17 часот гласале 665.975 гласачи или 38,2 отсто, објави Државната изборна комисија.
Висока излезност е забележана во Македонски Брод 61,29 проценти, потоа Крива Паланка со од 61 отсто, Ранковце 58,56 проценти. Во Демир Капија до 17 часот гласале 60.28 отсто од гласачите, во Неготино 55.98, Кавадарци 51.23, а во Росоман своето право на глас го оствариле 54 проценти од лицата запишани во единствениот избирачки список.
Ниска излезност има забележано во Боговиње 14,04 %, потоа Врапчиште 15,83 и Гостивар 19.59