Поранешниот потпретседател Џо Бајден синоќа на гласањето во таканаречениот супер вторник доби мнозинство од 14 сојузни држави за изборите за демократска претседателска номинација, но сенаторот Берни Сандерс ги доби Калифорнија и можеби Тексас и освои најголем број делегати.
Иако на изборите учествуваа уште четворица кандидати, во трката синоќа се истакнаа двајцата главни претенденди – Бајден и Сандерс. Двајца политичари со целосно различни идеолошки погледи, едниот е демократ центрист, резериран за суштествени промени, додека другиот е демократски социјалист, кој повикува на значајнa “перестројка“ на системот со помош на „политичка револуција“ во САД.
Откако се затворија гласачките места синоќа, најпрвин во Северна Каролина и Вирџинија, а потоа и во Тенеси, Алабама, Оклахома и Арканзас, држави од централен Запад на САД, првичните резултати укажаа победа на Бајден, и тоа со сестрана подршка од црномурестите избирачи, кои се од четвртина до половина од вкупниот број на избирачи во тие држави.
Бајден се врати во трката како фаворит, по убедливата победа во Јужна Каролина во саботата, и по поддршката што ја доби од сенаторката Ејми Клобучар и градоначалникот Пит Бутиџич, кои во меѓувреме ја напуштија трката.
Тој направи вистинско изненадување и победи во Северна Каролина, иако таму не потроши воопшто за реклами и не водеше кампања, и имаше краткотраен престој во Вирџинија, пред синоќа да замине на митинг за Лос Анџелес. Според досега преброените гласови повеќе од сигурно е дека Бајден добива делегати од осум сојузни држави, вклучувајќи ја ги Минесота и Масачусетс.
Додека Бајден митингуваше во Лос Анџелес, на западниот брег, Сандерс синоќа држеше говор во родниот Вермонт, на источниот брег.
Според првичните резултати, Сандерс победи таму и во уште четири сојузни држави – Калифорнија, Тексас, Колорадо и Јута.
Како резултат, од девет помали држави (вклучително и Јужна Каролина) Бајден засега има освоено помалку делегати, или вкупно 337.
Сандерс, пак, најверојатно ги добива таканаречените „бојни полиња“, државите Калифорнија и Тексас што даваат над 640 делегати вкупно (Калифорниjа како најнаселена дава 415 делегати). Со овие успех, сенаторот од Вермонт може да освои најмалку една третина од вкупно потребниот број на делегати (1,991) и со тоа да биде поблиску до номинацијата.
Уште еден кандидат, милијардерот Мајкл Блумберг, кој за кампања за реклама во сите четиринаесет држави потроши речиси половина милијарда долари, се најде на трето место и досега има освоено ограничен број делегати – 27.
Сенаторката Елизабет Ворен беше последна во трката, и не успеа да го насочи јавното мнение на своја страна ниту во својата родна Оклахома, каде победи Бајден.