Промотивната кампања за главниот град на Литванија, Вилнус, предизвика дискусии поради нејзината сексуална експлицитност, но нема сомневање дека му даде популарност на овој европски град.
Кампањата всушност се состои од постери со слика на која е прикажана жена во врвот на сексуалното задоволство, на постела на која е исцртана мапата на Европа, при што девојката во рака ја држи токму Литванија.
„Вилнус, Г-точката на Европа. Никој не знае каде е, но кога ќе го најдеш, чувството е неверојатно“, е слоганот на кампањата.
извор: Макфакс